Членување во Асоцијацијата
Во Асоцијацијата има право да членува секој што ја прифаќа програмата за работа на МПРА и нејзиниот статут. Секој член на Асоцијацијата ги прифаќа обврските што произлегуваат од статутот на истата.
Член на МПРА можe да бидат, поединци (физички лица), институции (правни лица) и здруженија кои покажуваат интерес за развојот на Односите со Јавноста и интегрираните маркетинг комуникации во Република Македонија.
Секој член на МПРА има право на глас во Општото Собрание, да избира и да биде избиран во органите на самата Асоцијација. Членовите ја подпомагаат МПРА во исполнувањето на нејзините цели и задачи.
- Редовни членови - специјалисти, луѓе кои практикуваат односи со јавноста или професори од областа на односите со јавноста и интегрираните маркетинг комуникации.
- Постојани членови - постојани членови на МПРА се членовите основачи.
- Почесни членови - странски државјани и институции, истакнати и докажани ПР специјалисти, кој имат важен принос во развојот на организацијата и научната област. Овие лица учествуват во работата на асоцијацијата како и редовните членови, но се ослободени од плаќање на таксата за членство (членарина).
Годишна такса (членарина)
- физички лица......1500 ден.
- Правни лица........6000 ден.
- Студенти.............1000 ден.
