Македонски | English | Shqip
Испечати ја оваа страница

Профил




Здружението на граѓани, Асоциjација за Односи со Јавноста на Македонија, е здружение кое е формирано во првата половина на 2008 година, и има за цел креирање на општествени вредности, како и да дејствува во полето на интегрираната маркетинг комуникација.
Водечките цели на Асоциjацијата за Односи со Јавноста на Македонија се:

  • Изградување и раширување на професионалните односи помеѓу академското образование и практиката.
  • Помагање на развојот на односите со јавноста како самостојна научна и практично приложна област во Република Македонија.
  • Утврдување на етичките и високо професионални стандарди во практикувањето на специјалистите од областа на односите со јавноста.
  • Популаризирање на актуелните образовни, научни и практични достигнувања во областа на општествената комуникација во Европа и во светот.
  • Градење и развој на информациска мрежа помеѓу специјалисти од областа на односите со јавноста од Република Македонија и странство.